|
Референци на ДРУШТВОТО ЗА ПРОУЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ПТИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА (ДПЗПМ)
ДПЗПМ е најстара еколошка невладина организации во Македонија, основана во август 1989 година. Од 1991 година, Друштвото се води како македонско национално друштво пред сите меѓународни орнитолошки и еколошки организации. Како такво членовите на ДПЗПМ учествувале на голем број меѓународни еколошки, посебно орнитолошки збиднувања (состанок на меѓународниот совет за заштита на птиците во Ахен -Германија , 1990; меѓународна конференција на меѓународниот совет за заштита на водните птици во Хајдушобошло (Унгарија,1992) ; учество на договорниот состанок за заштита на водните птици во Најроби-Кенија (1994); меѓународниот конгрес за водни птици во Стразбург-Франција (1994, 2-ца учесници); семинар за активна еколошка едукација (Флетфорд Мил, Англија, 1995 ); конференцијата за примена на конвенцијата за заштита на биодиверзитетот во Лесидрен, Бугарија (1995), (двајца); меѓународната конферецнија за Екологија која се одржа во Софија, 1995 (2-ца); меѓународниот семинар за основање на Хашкиот договор ( Хаг, Холандија, 1995); Семинар за заштита на медитеранот (Палма, Шпанија), 6-иот состанок на Рамсарската конвенција (Бризбен, Австралија 1996 ), 2-ца; Еуросајт работна средба (Карентан, Франција) итн.
Експерти на ДПЗПМ десетина години го спроведуваа зимскиот цензус на водните птици на нашите езера (1988-1991, 1998-2002), а во рамките на меѓународниот зимски цензус.
Двајца наши членови по покана од федералното друштво за заштита на природата на Германија , а со финансиска помош од министерството за нуклеарна безбедност и екологија беа на дво месечен еколошки курс низ Германија , со посета на сојузното министерството за екологија, најпознатите еколошки центри (Гуд Зундер, Еуронатур-Радолфзел, Бил), еколошки друштва (НАБУ, БУНД), резервати (Валнау, Ризефелдер), секретаријати на конвенции и сл.
Во 1994 година нашето Друштво во соработка со Европската фондација за заштита на природата (ЕУРОНАТУР) и Републичкиот завод за заштита на природните реткости на Македонија, го изработи елаборатот за прогласување на “Езерани” за прв орнитолошки резерват во нашата држава.
Во 1994 година по барање на Меѓународниот совет за заштита на птиците нашето Друштво го формира Македонскиот Рамзарски Комитет, со цел да ја прати состојбата со водните станишта и птици во Македонија. Благодарејќи на овој Комитет, веќе во следната година (септември 1995) Македонија стана полноправна членка на Рамзарската Конвенција, прва конвенција од овој тип (заштита на природа) кон која Македонија има пристапено до август оваа година (1997), а Преспанското Езеро се најде на листата на најзначајните водни стаништан а планетата.
Од 1994 година Друштвото се зафати и со издавање на своето списание Сѕлцан како прво списание за популаризација на орнитолошката наука, заштитата на птиците и воопшто заштита на природата. За жал неговото финансирање е се уште нередовно.
Од 8-10 Септември 1995 година во соработка со Европската фондација за заштита на природното наследство (Радолфцел, Германија) ДПЗПМ го организира првиот меѓународен семинар на тема ЗАШТИТА НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО, на кого присуствуваше и тогашниот ресорен министер за екологија (г-дин Јорго Шундовски) и преку 60 учесници.
В0 1995 и 1996 г. двајца членови од нашето друштво ја работеа темата”За биодиверзитетот и управувањето со заштитените подрачја во Македонија во рамките на НЕАП за Македонија, а истата година активно учествуваа и во утврдувањето на текстот на новиот закон за заштита на животната средина.
Во мај 1996 год. ДПЗПМ во соработка со ЕУРОНАТУР, Републичкиот завод за заштита на природните реткости и Природонаучниот музеј-Скопје организира изложба на тема “Преспанско Езеро -орнитолошки резерват ЕЗЕРАНИ” која ја посетија со илјадници посетители, а пред се ученици.
Во 1997 година Друштвото со свој претставник учествуваше на конференцијата за заштита на биодиверзитетот во Централна и Источна Европа (Тирана, Албанија,1997), И на работната средба за заштита на крупните ѕверови во Европа (Виена, Австрија,1997), Со тројца претставници учествуваше на работната средба во Невеска -Грција за договор околу заштита на Преспанското Езеро и крупните цицачи (1997); Одржлив развој на медитеранот (Палма, Шпанија 1997) , меѓународниот семинар за трската ( Карентан 1997, Франција); Во 1998 ДПЗПМ со свој претставник учествува на првиот состанок на Медитеранскиот комитет за заштита на водните станишта (Солун ), вториот (Шпанија, 2000), третиот , ( Португалија, 2001), и шестиот (Алжир, 2004).
За иднината на НВО се одржа работилница во Будимпешта во 1997 (2-ца); во 1998 г. ДПЗПМ беше организатор на две работилници на тема заштита на мечката на Балканскиот Полуостров. Во 1999 двајца претставници учествуваа на светскиот форум за Биодиверзитетот (Сан Хозе, К.Рика) и истата година на 7-та конференција на Рамсар во Сан Хозе (К.Рика). Во ноември 1999, 2-ца претставници од ДПЗПМ учествуваа на научниот совет на Бонската конвенција, 1-та конференција на Хашкиот договор и 7-та конференција на членките на Бонската конвенција (Кејп Таун, ЈАР).
Во 2002 г. 2-ца членови на ДПЗПМ учествува на 8-та коференција на Рамсарската Конвенција во Веленсија (Шпанија).
Во 1997 владата на Република Македонија му даде на ДПЗПМ легални права врз Орнитолошкиот резерват ЕЗЕРАНИ на Преспанското Езеро (2137 ха). За жал до денес оваа одлука не беше пропратена со никаква финансиска помош заради што ДПЗПМ за сега врши само мониторинг на состојбата со резерватот.
Од 1998 - 2000 г. ДПЗПМ се зафати со реконструкција на руинираниот задружен дом во с. Асамати претворајќи го во прв информативен центар на едно заштитено подрачје во Македонија а воедно и биолошко-истражувачки центар на ДПЗПМ.
Од 2000 г. ДПЗПМ е членка на Македонската Алијаса за Преспа и како такво е активно вклучено во активностите во врска со Преспа Паркот, номиниран со декларација на премиерите на Албанија, Грција и Македонија, на 2 фебруари 2000 г.
Во 2001 ДПЗПМ беше подржано од “Институтот за трајни заедници” во врска со проектот со име : Природните растенија- алтернативни приходи”
Во 2001 ДПЗПМ доби проект за евалуација на природните вредности на Моноспитовското Блато.
Од Ноември 2000- се до Октомври 2003 ДПЗПМ имплементаирање проект за заштита на планината Пелистер со главна цел да се подготви “ План за управување на НП Пелистер” . Проектот се работеше во соработка со Пронатура од Швајцарија и финансиска подршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Покрај подготвениот план беше публицирана и книга за скакулците на НП Пелистер, како прва книга од овој вид во Македониа.
Од 2001 до Март 2002 друштвото реализираше проект под име “ Орнитолошкиот резерват Езерани и локалното население” подржан од ИТЗ. Главна цел на овој проект беше да се промовира органското земјоделие ( преку 2 работилници) подигање на јавната свеста за резерватот ЕЗЕРАНИ ( преку три публицирани билтени кои безплатно беа поделени сред локалното население) и подобрување на состојбата со ИЦ во с. Асамати.
Подржано од ИУЦН од Холандија ДПЗПМ изработи Каталог на водните станишта на Македонија , како биолошки ресурси (1 Септ 2001 - 31 Август 2002). При тоа се издадени и две публикации - на англиски и македонски, книшка за културното наследство на водните станишта и постер за водните птици во Македонија.
Во периодот од 2002-2005 ДПЗПМ со подршка на Норвешката амбасада реализираше серија на проекти за инфраструктурно опремување на СПР Езерани како оставување на влезни капии, патоказни знаци на пристапните патишта, два видиковци за птици, санација на главниот патен правец низ резерватот, информативна табла на влезот во Информативниот центар и сл.
Моментално Друштвото работи на проект подржан од Министерството за животна средина и просторно планирање за номинација на Дојранското Езеро на светската листа на најзначајни водни стаништана планетата.
ДПЗПМ има свој Информативен и истражувачки центар во с.Асамати на брегот на Преспанското Езеро
Во оваа прилика навистина не можат да се набројат со стотици пополнети формулари, акции и информации, преку кои нашето друштво за изминативе 15 години реализирало соработка со Европа и светот како резултат на нашата принципиелна соработка со скоро сите меѓународни еколошки институции. Во резултат на таа соработка моментално друштвото редовно и безплатно добива преку 30 списанија од целиот свет
|