mk en

РЕЗЕРВАТОТ ЕЗЕРАНИ, РАЈОТ ЗА ПТИЦИТЕ.

На 28 јули 1996 год. (Сл. Весник на РМ, 37/96) донесен е Законот за прогласување на првиот строг природен резерват “Езерани” лоциран на северното крајбрежје на Преспанското Езеро, на потегот од с. Сир Хан до с. Асамати.
Вкупната површина на резерватот изнесува 2137 ха. Во него се срекаваат 105 видови водни птици меѓу кои Пелецанус цриспус, Пелецанус оноцроталус, Пхалацроцораџ пѕгмеус, Аѕтхѕа нироца, и други исклучително ретки видови птици кои можат секојдневно да се наблудуваат. Од 1997 год. задачата за грижа околу заштитата на ОР Езерани Владата на РМ му ја довери на Друштвото за проучување и заштита на птиците на Македониа (ДПЗПМ).

ДПЗПМ за потребите на резерватот со помош на фондот за животна средина, УС АИД и Британската амбасада успеа да го реконструира и опреми првиот информативен центар за едно заштитено подрачје во Македонија кој се наоѓа во с.Асамати на самата граница на резерватот.

Овој центар служи за давање на било какви информации за посетителите на резерватот, а воедно е место каде можат да престојуваат истражувачи на резерватот од земјата и светот и секако како биолошки истражувачки центар за членовите на ДПЗПМ кои скоро секоја година организираат семинари за одржливо земјоделие, а самиот центар и резерват е редовно посетуван од организрани групи на ученици од основните училишта во регионот и државата.
Во изминативе неколку години со подршка на норвешката амбасада ДПЗПМ ја подобри инфраструктурата на самиот резерват со поставување на влезни капии, патокази на пристапните патишта, наблудувачница за птици и ја подобри патната мрежа низ резерватот.

























© 1989-2009 ДПЗМП.
Сите права задржани.
Влезна   За ДПЗПМ   Проекти   Публикации   Езерани   Тековно   Како да помогнете