Финансиер : Европската фондација за заштита на природното наследство (ЕУРОНАТУР)
Соработка со: Републичкиот завод за заштита на природните реткости на Македонија;
Период: 1992, 1993, 1995, 1996
Постигнати резултати:
Извршен е фенолошки мониторинг на орнитолошката состојба на Преспанското Езеро;
Потенцирани се најважните станишта за заштита;
Изработен е елаборат за прогласување на ЕЗЕРАНИ како прв строг природен резерват во Македонија.
Од 8-10 Септември 1995 година организиран е прв меѓународен семинар на тема ЗАШТИТА НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО, на кого присуствуваше и ресорниот министер (г-дин Јорго Шундовски) и неговиот помошник (г-дин Никола Србиновски) со што беше поставена основата за идниот трансграничен Преспа Парк.
Во мај 1996 год. ДПЗПМ во соработка Природонаучниот музеј-Скопје организира изложба на тема Преспанско Езеро-орнитолошки резерват ЕЗЕРАНИ која ја посетија со илјадници учесници, а на која беше присутен и германскиот амбасадор во Македонија, заменикот министер за култура и помошникот министер за екологија.